Меси не исклучува настап на СП 2026
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 36-годишниот Лионел Меси сè уште не ја исклучува можноста да ја брани титулата светски првак со Аргентина на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Меси во интервју за аргентинските медиуми рече дека во преден план кога е во прашање репрезентацијата му е настапот на Копа Америка.
„Сакам на следното издание на Копа Америка да дојдам во добра состојба и форма и во согласност со тоа ќе ги носам натамошните одлуки“, изјави Меси.
Одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да настапи на Мундијалот 2026, Меси рече дека сè уште е рано за конечна одлука.
„Не размислувам сè уште за тоа. Годините минуваат и морам од ден за ден да видам како ќе се чувствувам“, рече Меси.
Аргентинскиот фудбалер сезонава настапува за Интер од Мајами и во воведните четири натпревари во МЛС лигата постигна еден гол и додаде две асистенции.
Ново на Сител
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
-

Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
-

Во Албанија поплавени околу илјада домови, евакуирани стотина семејства
-

Владата додели над 33.000 ваучери , 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди
-

Се обидувал да украде мопед, приведен крадец во Прилеп
-

Општина Ресен најави дезинфекција по поплавите во Царев Двор и Дрмени
-

Шампионот Јанта Волеј го претрпе третиот пораз во низа
