Спорните прашања со кредиторите може да ја забават новата транша од две милијарди евра за Грција
Грција, до крајот на оваа недела, можно е да не ја добие очекуваната прва транша од две милијарди евра поради прашањата што се уште висат во преговорите со кредиторите. Претставниците на кредиторите при својата посета на Атина констатирале дека висат прашањата за „лошите кредити“ и воведувањето повисок данок на додадена вредност во образованието, информира весникот њуз.ин.
Кредиторите сметаат дека Владата во Атина не ги исполнила поставените 49 услови, кои ќе бидат обврзани да ги спороведат со адекватни мерки и реформи за да ги добијат парите од првата транша во рамки на новата трета по ред спасувачка програма за оваа земја, во износ од 86 милијарди евра.
Кредоторите посебно не се согласиле со предлогот на Владата на премиерот Алексис Ципрас данокот на додадена вредност да биде диференциран за приватното образование. Тие тврдат дека ставките од овој данок не можат да бидат диференцирани, и дека тие или ќе бидат нула или ќе бидат во висина од 23 отсто.
Левичарската грчка Влада и кредиторите не се договориле и за „лошите кредити“. Премиерот Алексис Ципрас изјави дека неговата Влада нема да ги толерира масовните забрани за проблематичните хипотекарни кредити на илјадниците задложени луѓе, и дека нема да дозволи Грција да биде претворена во „арена на конфискации“ на домовите, на што инсистираат кредиторите.
Ново на Сител
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“