СПМ упатува на потребата од безуслoвно одржување на вонредни парламентарни избори

Социјалистичката партија на Македонија деншниот исход од гласањето за усвојување на дневниот ред на 123-та пленарна седница на Собранието на Република Македонија го оценува како потврда на неуспешниот уставен инженеринг на власта.
Покрај лицемерната понуда за градење консензус и обединување, очигледен е внатрешниот отпор и во редовите на пратениците во СДС за уставните измени.
Ова претставува дебакл за премиерот Ковачевски, неговиот тим кој учествуваше во преговорите за преговарачката рамка и целосен пораз на Владата на СДС и ДУИ во надворешната политика. Главниот кочничар на евроитегративниот процес е токму Владата со неуспешните политики во сите области и со енормната корупција вкоренета во самиот државен врв.
Социјалистичката партија на Македонија укажува на драматично неодрживата политичка криза во која се наоѓа државата, а од денес и на уставната криза.
Владата повеќе нема легитимитет за натамошно работење, таа денес на најдемократски начин е детронизирана затоа што, покрај кај опозицијата и огромниот број граѓани, ја нема поддршката ниту кај своите пратеници.
Во ситуација на сложени внатрешно политички услови и очигледен застој на евроинтегративниот процес Социјалистичката партија на Македонија упатува на потребата од безусливно одржување на вонредни парламентарни избори. Изборите се едиствениот демократски начин на кој граѓаните непосредно ќе одлучат за иднината на Република Македонија.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
