СПМ: Пендаровски сака да прикаже достигнувања кои не ги оствари во текот на мандатот
Социјалистичката партија на Македонија преку собраниското обраќање на Пендаровски упатува на заклучокот за петте залудно потрошени години.
Инаку настапот на Пендаровски може да се цени како блед лично мотивиран обид да се прикаже во светлина и со достигнувања кои не беа остварени во текот на мандатот.
Пендаровски пропушти многу шанси да ја реализира највисоката функцијата во државата и затоа нема остварени дела, настани и појави по кои ќе биде запаметен.
Во текот на мандатот Пендаровски не се обиде да ги реши виталните проблеми за кои е надлежен и не се постави во улога на татко на нацијата.
Бројни кризи го следеа Пендаровски и при менаџирањето со истите тој не беше на висината на задачата што ја има. Потпишувањето на закони кои не беа во согласнот со Уставот, донесени со европско знаменце, или пак не беа прифатени од граѓаните, се показатели за со ништо поткрепениот елитизам со кој се наметнува како шеф на државата и без чувство за пошироките интереси во општеството.
На меѓународен план не се решија евроинтеграциските проблеми, и, последователните вета кои и беа ставени на тој пат на Македонија, не преставуваа предизвик за Пендаровски да бара решенија за нивно отстранување или да влијае кај претседтели на пријателски и други држави. Дотолку повеќе што и тој е дел од директните виновници за евроинтегративниот дебакл на Македонија.
Честите менувања на искажаните ставови што беше одлика на настапите на Пендаровски влијаеше на стабилноста на државната политика и на сфаќањата на граѓаните за стабилноста и безбедноста на државата.
Наместо да организира чести средби и консултации со претставници на политичките партии Пендаровски упорно ја следеше линијата на менторите од СДС и ДУИ и со тоа докажа дека не е мериторен менаџер на политичките процеси во Македонија.
Погрешно оценувајќи ги уставните измени предложени под бугарска уцена само како техничко прашање, Пендаровски не ги согледува последиците кои следат и штетата што ќе и се предизвика на Македонија на долг рок.
Врз основа на бројни показатели и оценки од граѓаните Социјалистичката партија на Македонија го оценува мандатот на Пендаровски како неуспешен и со тоа тој не заслужува да се надева за уште еден.
Тој ќе треба да замине од политиката онака како што дојде, како вметната инсталација и апаратчик на неговата партија, а наместо него да дојде вистински патриот и борец за Македонија непосредно избран од македонскиот народ.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга