Македонија
3. August 2023 - 18:20

СПМ бара да се истражат сите случаи поврзани со злоупотребата на пари од европските фондови

Социјалистичката партија на Македонија потсетува на минатонеделното откривање на евроамбасадорот Гир дека Европската служба против измами, ОЛАФ води 18 истраги за можни злоупотреби на европските фондови во земјава. Самата Европска агенција деновиве потврди дека и минатата година спровела четири истраги за злоупотреба, од кои три завршиле со дадени препораки, а за четвртата сеуште не се знае епилогот.

Соочени со сè поочигледниот европски притисок, Владата на Ковачевски, преку дежурниот министер за земјоделство Николовски, под превезот на наводна транспарентност, во јавноста објавија случај за наводна злоупотреба на ИПА средства, за договор потпишан кон крајот на 2015 година.

СПМ ги охрабрува институциите да го истражат случајот, но воедно ги повикува да ги истражат и преостанатите 3 случаи за кои е вршена истрага во 2022 година, но и да ги следат и истражат сите 18 случаи за кои се врши истрага во моментот. Информациите со кои располагаме говорат за сериозни отстапувања од законит.

Доколку е толку транспарентен Николовски, зошто ги прикрива преостанатите 3 случаи за кои е веќе спроведена истрага од ОЛАФ, а за два се дадени и препораки?

Што се препораките?

Кои се случаите?

Дали се тоа случаи зад кои стои потписот токму на Николовски?

Толку ли е исплашен Николовски од моменталната истрага на ОЛАФ и потенцираните 18 случаи од страна на Евро анбасадорот Гир?

Ќе каже ли Николовски и за другите случаи надвор од ИПА, а за кои постои сомнеж дека се исто така злоупотребени Европски пари?

Ја прашуваме однародената власт на СДС и ДУИ, дали мислат дека преку отварање и потенцирање на случаи од пред 2017 година, ќе го амнестираат своето криминално работење во изминатите години?

Социјалистичката партија на Македонија се обврзува дека по скорешната промена на власта ќе ги искорити сите средства кои и се на располагање за да ја запознае пошироката македонска јавност со случаите на злоупотреба на европските средства, очекувајќи од надлежните институции епилог со праведно и правично расчистување,  се вели во соопштението од СПМ.

Социјалистичка партија на Македонија