Македонија
6. April 2020 - 16:04

Спасовски: Влегуваме во радикална фаза, битката ќе трае но на крај ќе го сопреме непријателот

На денешната прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека Владата донесе дополнување на мерката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија на државата новите мерки стапуваат во сила од среда, 8 април во 16:00 часот. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник. Според одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.