Спасовски: Се уште нема информации за Демири и Исмаиловиќ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се уште немаат информации за тоа каде се наоѓаат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“.
Тој на новинарско прашање за тоа, упати на одговорот на косовскиот колега Екрем Мустафа даден за време на посетата на Скопје на крајот од март по трилатералната тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, кој изјави дека нема информации каде се Демири и Исмаиловиќ и рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.
– Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации за Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро кое се случи точно пред седум години на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија