Спасовски: Комуникацијата со граѓаните е најважна

Непосредната комуникација со граѓаните, за секое прашање, за прашање на безбедноста е многу важна. Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“.
Тој најави дека граѓаните ќе имаат можност на телефонски број или на маил адреса да закажат средба и да се видат со него, со директорот, заменикот директор, началниците, за потреби кои тие ги имаат.
- Ние можеме сите заедно да сведочиме, медиумите, јас како министер и мојот тим, што значи затвореност на институција, а што значи отвореност на институција. Поминавме низ еден период на транзиција и длабоко сме убедени дека комуникацијата со граѓаните е многу важна да јакне довербата, секој еден да се чувствува како дел од безбедноста, додава Спасовски во објавата.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
