-->
-->
Спасески ја прими репрезентацијата на Македонија во таеквондо
-->
Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески организираше прием за македонската таеквондо репрезентација кои на неодамна завршениот по ранг највисок турнир во Олимписко таеквондо, еден од трите најсилни турнири во Eвропа со ранг Г1 освоија историско ЗЛАТО и историско СРЕБРО за Република Македонија.
Натпреварувачите Дејан Георгиевски (Јуниори) во категорија +78 кг освои ЗЛАТЕН Медал со три победи, сите три со технички нокаут и Филип Додевски (Јуниори) во категорија -74 со три победи до СРЕБРЕН Медал.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да им честитам на репрезентативците за големиот успех и им порачувам да продолжат со вакви настапи и да ја радуваат македонската спортска јавност, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и истакна дека резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци.
Спасески дополни дека Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на меѓународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 40.000 денари- заврши Спасески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“
-
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија
-
Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“
-
Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност
-
Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат
-
Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца