Ракомет
13. December 2015 - 14:14

СП - жени: Осминафинале - 1.ден

На Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска вечерва се играат првите осминафинални дуели, како и натпреварите за пласман.
Во Хернинг домаќинот Данска ја пречекува Шведска, додека во Нествед е дуелот меѓу Холандија и Србија. Во Колдинг светскиот рвак Бразил за ривал ја има Романија, додека во Фредериксхавен Германија игра против Норвешка.
 
Во натпреварите за пласман од 17-20.место играат:
Јапонија – Кина и Аргентина – Порторико.
Додека за пласман од 21-24.место ќе играат:
Тунис – Куба и Конго – Казахстан.
Другите осминафинални дуели се играат утре, како и натпреварите за конечен пласман од 17-24.место.