Советување за судии за справување со притисоци
Советување за примена на највисоките етички стандарди на судиското однесување наменето за судии од сите апелациски подрачја, како и за членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Здружението на судии на Македонија, денеска се одржа во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во организација на Академијата и Здружението на судии.
Директорката на Академијата Анета Арнаудовска појасни дека овие два дена Академијата ќе биде домаќин на експерти од врховните судови на Хрватска и на Словенија кои преку советувања ќе ги пренесат нивните искуствата во справување со притисоците.
- Тема на денешното советување е оживотворување на етичкиот кодекс и интегритетот во насока на справување на судиите со секојдневните притисоци. Во правец на исполнување на препораките на таканаречениот Прибе-извештај, од јуни започнавме да работиме со новиот проект на реализација на активностите и во таа смисла ќе работиме на подобрување на вештините на нашите предавачи и подобрување на методологијата на одлуките, а се со цел да се исполни препораката за подобрување на квалитетот на наставата на Академијата, истакна Арнаудовска.
Потсети дека Здружението на судии во 2014 година донесе нов етички кодекс усогласен со препораката кој содржи превентивни механизми за судиите во справување со сите притисоци, судирот на интерси приемот на подароци, разрешување и дефинирање на надворешните активности на судиите...
Нина Бетето судија на Врховниот суд на Словенија порача дека независниот судија мора да ги познава правилата и етичкиот кодекс и дека тоа познавање не е доволно за независнот, туку, како што рече, потребни се и карактерни особини.
- Според мене, денешниот семинар е многу важен за јакнењето на независноста на судството. Етичкиот кодекс кој постои во Македонија од 2014 година е добра основа, но секој таков документ мора да се практицира. Секој судија мора да препознае кои се проблемите и кои се етичките дилеми, да размислува за нив и да одлучи како да се однесува, истакна Бетето.
Судијата на Врховниот суд на Хрватска Ѓуро Сеса потенцира дека е многу важно што судиите во Македонија сами донеле етички кодекс, но, како што напомена, и многу е важно јавноста да ги разбира тие етички начела и да пробаат да се однесуваат на тој начин со што би им олеснале на судиите во нивното одлучување.
Според организаторите, советувањето ќе даде преглед на етичките стандарди на судското однесување, меѓународните и македонските искуства, етичките дилеми, како и осврт на препораките на ГРЕКО во врска со четвртиот круг на оценка.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации
-
Кремљ веќе нема да коментира за упадот на беспилотните летала во Полска
-
Кинез починал на лице место во фабрика во Кавадарци откако бил удрен од кран
-
Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Орбан и унгарски политичари во шок од убиството на Чарли Кирк: Стоп за омразата од левичарската пропаганда
-
Приведени двајца возачи од Охрид и Кичево управувале мотоцикл и возило со 2,36 и 1,75 промили алкохол во крвта