Советот на обвинители ќе одлучува за кандидатите за јавен обвинител
Советот на јавните обвинители денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледа поднесените пријави на огласот за Јавен обвинител на Република Македонија.
По седницата Советот ќе даде мислење за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.
Владата на РМ на 20 октомври ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители.
На огласот за државен јавен обвинител пријавени се 23 кандидати.
Советот на јавни обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена треба да и достави позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.
Владата, пак, потоа до Парламентот доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати, за кои Советот дал позитивно мислење.
Во случај Советот на јавни обвинители во рок од 15 дена ако не даде мислење за предложените кандидати, течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно.
Доколку Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш Владата може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.
Владата на седница ги разгледува кандидатите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. По тоа одлуката оди во Собрание како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.
Новиот државен јавен обвинител треба да дојде на местото на Марко Зврлевски, кој беше разрешен од Собранието на 17 август годинава. До назначувањето нов јавен обвините, времено функцијата ја извршува Лилјана Спасовска.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба