Советот на јавни обвинители избра 31 нов јавен обвинител

Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства низ Република Северна Македонија. Кандидатот пријавен за обвинителствата во Гостивар и Кичево, не го добил потребниот број на гласови, а во пет обвинителства воопшто немало пријавени.
Во Основно јавно обвинителство Скопје се избрани кандидатите Сашо Палчевски, Бурханедин Нухију, Ирина Црвенковска, Јана Ристеска, Милена Новеска Латиновска, Кристијан Смилевски, Бојана Ваневска, Илир Зајази, Александар Софронијовски, Динче Стојановска, Марија Секуловска Велковска, Марина Галева, Орхан Арифовски и Давид Неделков.
За јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Битола е избрана Ангелина Ангелевска Илиевска, а за Основно јавно обвинителство Гевгелија е избран кандидатот Драгиња Аврамчева. Благој Митевски е избран во Основно јавно обвинителство Делчево, во Основно јавно обвинителство Охрид е избран Ерол Шериф, додека, за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Струмица е избран Кире Манински.
Во Основно јавно обвинителство Куманово се избрани кандидатите Ивана Јавнески и Лукман Салихи, а за Основно јавно обвинителство Прилеп се избрани Кирил Јовчески и Марија Шокоска. За јавни обвинители во Основно јавно обвинителство Тетово се избрани кандидатите Илзана Касами Шабани, Стефан Попоски и Блерим Бесими, а за во Основно јавно обвинителство Штип се избрани Здравко Кескинов Жежов и Луција Кашуба.
Кандидатот Арсим Адеми што се кандитирал за јавните обвинителства во Гостивар и Кичево не го добил потребниот број на гласови, а за Основните јавни обвинителства во Крива Паланка, Велес, Струга, Кочани и Радовиш воопшто немало пријавени кандидати. За јавното обвинителство во Ресен бил пријавен само кандидатот што Советот денеска го избра за обвинител во ОЈО Охрид.
Ново на Сител
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на ЕУ
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

Запленети 2541 килограми небезбедна храна со непознато потекло
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
