Совети за диети без воздржување од благо
Многу строги диети наметнуваат ограничување за јадење слатки, но некои стручњаци сметаат дека тоа не е вистинскиот пристап и дека доведува до лоши ефекти. Затоа, ако човекот има желба да касне нешто слатко, треба да ѝ се препушти на таа потреба. Следат неколку здрави можности кои нутриционистите ги препорачуваат…
– Наместо тоа, претпазливоста со големината на порцијата може да направи чуда. Десертите во контролирани порции се добар избор за оние кои сакаат да ја контролираат својата тежина, изјави нутриционистката Лорен Манакер.
Зелен чај со десертот
– Зелениот чај содржи кофеин и соединение наречено ЕГЦГ, за коешто е докажано дека поддржува губење на тежината, вели Манакер.
Потпрете се на природната сладост на овошјето
– Јадењето овошје може да помогне да ја задоволите вашата желба за благо, а со тоа и да му ги дадете на вашето тело потребните влакна кои можат да помогнат да се контролира апетитот и да се постигне ситост, истакна Манакер.
Дозволете си каков било десерт
Понекогаш, премногу ограничувања може да предизвикаат контра-ефект. Според стручњаците, кога човек ќе се ограничи во исхраната и не си дозволува да ужива во храната што ја сака, желбата само ќе се зголеми и ќе продолжи да се зголемува… Во еден миг, голема е веројатноста дека тој / таа ќе изеде повеќе од вообичаено – како контраефект.
Ново на Сител
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
