Состојбата со водостоите се смирува, од утре настапува и стабилизација на времето
Состојбата со водостоите на реките во државава полека се смирува, нема нови врнежи и се очекува нивото на водата да се намали, вели во изјава за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Ангелов нагласува дека коритото на реката Вардар во Општина Јегуновце сѐ уште е полно, но состојбата полека се смирува.
- Нема нови врнежи и очекуваме нивото на водата да падне, додава Ангелов.
Високото ниво на реката Вардар беше причина вчера околу 18 часот да почне излевањето на водата и до вечерта да се поплават дворовите на куќите во селото Раотинце во Општина Јегуновце.
- Нивото на Вардар е генерално зголемено сѐ до излезот на државата, но нема нови пријави за поплави, дополнува тој.
Хидроцентралата „Вруток“, како што информира, останува затворена и не се испушта вода во Вардар токму поради зголеменото ниво на реката.
Во однос на кочанската река која се излеа во Општина Чешиново-Облешево, село Облешево, и која зафати неколку дворови и земјоделска површина, тој рече дека утрово нивото на реката полека се намалува и очекуваат да биде стабилизирано во текот на денот.
За мостот на реката Пчиња, Ангелов рече дека тоа е во надлежност на локалната самоуправа и таа треба да процени дали ќе го остави во употреба.
- Но нивото е намалено и водата не претставува закана на мостот, рече тој.
Од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи велат дека до крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на река Вардар во горниот дел од нејзиното течение, додека во средниот и долниот дел од течението да има зголемување на водостојот.
Посочуваат дека изутринава е забележан и минимално зголемен водостој на реката Лепенец, а сите останати водостои на реките низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден.
- Сѐ уште посочуваме на внимателност во сливот на реката Вардар, каде во средниот и долниот дел од течението ќе има висок водостој во текот на денот. Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но сѐ уште предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, наведуваат оттаму.
Според УХМР од утре ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
