Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 809.284 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 39.563, а оздравеле 172.517 луѓе.
ЕУ – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди денеска за зголемениот број лажни вести кои кружат за заразата со Ковид-19. Таа предупреди дека цената на дезинформацијата во овој случај може да биде живот на граѓаните. -Може ли лукот или витамин Ц да го излечат вирусот корона? Не Дали вирусот ги инфицира само старите? Не “, рече Фон дер Лајен во видео-пораката, укажувајќи на зголемениот број на дезинформации за коронавирусот, особено на интернет.
Ерменија – До 10 април продолжени мерките за ограничено движење, метрото во Баку затворено до 20 април
БиХ – Четврта жртва од коронавирусот во Херцеговина,
Србија – Секој полнолетен ќе добие по 100 евра во динарска проиввредност. Во јавниот сектор нема да намалат плати.
Италија – Во изминатите 24 часа шест лекари починаа од Ковид-19. Вкупно од пандемијата починаа најмалку 66 лекари.
Кина – Под надзор се 1.541 заразени со асимптоматски коронавирус од кои 205 случаи се увезени од странство.
Британија – Од Ковид-19 починаа 367 луѓе, со што бројот на смртни случаи во таа државаа е зголемен на 1.808.
Ново на Сител
-
Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите
-
Во Велес до 13 часот излезноста е 30,08 за претседателски и 30,57 за парламентарни
-
Кавадарци со близу 30 отсто излезност до 13 часот
-
Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала
-
Излезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84
-
Јавното обвинителство поднесе пријава за поткуп во Велес за две лица
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре