Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 735.041 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 34.806, а оздравеле 156.137 луѓе.
– Мултимилионерот Џорџ Сорос ќе донира еден милион евра на Унгарија за борба против коронавирусот.
– Австриската Влада донесе одлука дека сите жители ќе мора да носат заштитни маски при одењето во продавница. Кога на трговските синџири ќе им стасаат заштитните маски, секој купувач ќе добие една при влезот во продавницата.
– Во Бих почина првозаразениот пациент од коронавирус во таа земја. Мостарецот бил повеќе денови во тешка здравствена состојба. Со тоа, бројот на смртни случаи во земјата се зголеми на осум лица.
– За 24 часа во Иран починаа уште 117 лица, со што смртниот биланс се зголеми на 2757 пациенти. За едно деноночие во земјата има 3.186 новозаболени, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 41.495 лица.
– Во Словенија се зголеми бројот на заразени лица и сега изнесува 756, што е за 26 повеќе од претходниот ден. Вкупно 115 лица се наоѓаат во болница поради Ковид-19.
– Министерот за здравство на Република Српска Ален Шераниќ изјави дека во Бања Лука од тестирани 186 лица, само едно било позитивно.
– Американската агенција за храна и лекови (ФДА) во борбата против коронавирусот одобри користење на антималариските лекови клорокин и хидроксиклорин, но исклучиво во болнички услови.
– Се очекува денеска унгарскиот Парламент да го поддржи законот со кој ќе му се дадат повеќе овластувања на премиерот Виктор Орбан. Законот ќе и овозможи на Владата да ја продолжи вонредната состојба, без потреба парламентот тоа да го прави. Се воведуваат и казни затвор до пет години за сите кои шират лажни вести за коронавирусот или за мерките против Ковид-19.
– Во Швајцарија од последиците на коронавирус починаа вкупно 295 лица. Во последните 24 часа во таа земја од вирусот починаа 38 лица. Вкупниот број заразени се зголеми од вчерашните 14.336 на денешните 15.475 лица.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска