Македонија
2. December 2016 - 11:08

Состанок на бизнис клубот на општина Гази Баба

Бизнис клубот на општина Гази Баба го одржа шесттиот состанок на кој се разговарало за можноста одредени предлози на бизнис клубот и деловните субјекти во општина Гази Баба да се вградат во буџетот на општината за 2017 година.

Како што соопшти општина Гази Баба, на состанокот е дискутирано и за поднесување на иницијатива на бизнис клубот за менување на каматната политика на деловните банки, кое се однесува на инвестициското кредитирање, како и за иницијатива за донесување на закон за измени и дополнување на закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

На состанокот, како што информираат, присуствувал и градоначалникот Тони Трајковски, каде заедно со членовите на клубот дискутирале за точките на дневниот ред и за можноста за нивно реализирање.