Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, посебно на повисоките планински и осојничави места.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година е воведена времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ - клучка Стајковци/ во двата правци, а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.
Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово - Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.
ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км до 126+272 км од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќајот на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с. Кадрифаково – клучка кај с. Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.
Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково - Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 - 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.
Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на сообраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.
Ново на Сител
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: 10 минути пред да пристигне полицијата Груби добил информација и побегнал
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје