-->
-->
Сообраќајка кај Демир Хисар, повредено дете
-->
Попладнево околу 18 часот на магистралниот пат Битола – Кичево кај Демирхисарското село Железнец се судриле автобус кој сообраќал на линија Битола-Кичево и еден автомобил со битолски регистарски таблички, објави ТВ Орбис.
Првичните информации од терен говорат дека повредени се двете лица кои се наоѓале во автомобилот од кои едното е малолетно дете. Со возило на Итната медицинска помош од Демир Хисар тие се префрлени и хоспитализирани во Клиничкиот центар во Битола.
Од автобусот нема повредено патници.
Како дошло до несреќата на овој магистрален пат, се уште нема информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло