СОНК: Да им се исплатат дополнителните работни часови на наставниците
Согласно препораките каде има 20 ученици треба да се поделат во групи. Дополнителната работа директорите да ја регистрираат. Од терен имаме информации каде одредени директори не сакаат да го прават тоа и тврдат дека немало зголемени часови, други викаат дека нема пари, а трети дека ќе дале слободни денови. Ги повикуваме директорите да го почитуваат колективниот договор. Во спротивно наставниците имаат право да ја бојкотираат работата, а директорот кој нема да го направи тоа да добие тужба, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Бараат и дел од наставниците кои вршат настава со физичко присуство, а се во ризична група, хронично болни и повозрасен кадар да им се овозможи од дома да ја вршат работата затоа што нивното здравје е доведено во опасност особено сега со драстичниот раст на бројките.
Инаку според пресметките на СОНК еден наставник за дополнителните часови треба да добие плус 5000 денари на нето односно до 8000 денари на бруто плата.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите