„Сон на летната ноќ“ балет во продукција на Булфрогс

На 19 јуни со почеток во 19 часот, на сцената на Македонскиот Народен Театар училиштето за класичен и модерен балет Булфрогс премиерно ќе ја изведе најновата продукција – балетот „Сон на летната ноќ“, работен според истоимената комедија на Вилијам Шекспир.
Музиката е од реномираниот светски композитор Феликс Менделсон, а кореографијата на Александра Никифоровски. Балетот ќе биде изведен од учениците од Булфрогс Балет, на возраст од 4 до 16 години, како и од балетски играчи од Националниот балет на Косово и од Македонската Опера и Балет.
Во главните улоги ќе се појават Јета Мусоли, Синан Кајтази, Фатмир Смани, Теута Красниќи, Крешник Мусоли, Аулона Нухуи и Фисник Смани од Националниот балет на Косово, Игор Веланоски од Македонската Опера и Балет и Стефанија Кузмановска, Џој Стаут, Мишел Јовановска, Бистра Младеновска, Теа Стефановска, Дина Геговска, Керолајн Буттемер Федерика Јована Донегати, Ива Бајалџиева, Леона Марку, Јана Трпковска и Анастазија Китановска од Булфрогс Балет.
„Сон на летната ноќ“ е комедија каде настаните се одвиваат околу свадбата на Војводата од Атина Тезеј и Кралицата на Амазонките Хиполита. Се раскажуваат приказните за младите парови Хермија и Лисандар и Хелена и Демтар, како и за група работници, кои континуирано се контролирани од страна на самовилите, кои живеат во нивното Кралство во близина на една шума во Атина. Ова е едно од најпознатите дела на Шекспир кое е одиграно низ театрите ширум светот.
Во балетската адаптација на оваа комедија, низ љубовните приказни се проткајуваат многу комични настани исто така. Кореографиите се создадени на начин кој успева да ги допре емоциите на гледачите, но и да ги насмее. „Сон на летната ноќ“е десеттата балетска продукција на Булфоргс од основањето на училиштето во 2009 година.
Воедно, балетот претставува прва директна соработка помеѓу Националниот балет на Косово и балетско училиште од Македонија. Балетот е финансиски поддржан од Министерство за Култура на Македонија, Алфа Парф – Милано, Byphasse и Здружение за културна иницијатива - Тесеракт.
Ново на Сител
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
