Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води

На 16.07.2026 околу 18:20 часот, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар.
Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик. Во расчистувањето на овој случај, покрај полицијата и обвинителството, веднаш се вклучија и Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина, како и лиценциран вештак кој треба да изврши стручна процена на незаконски поставениот систем.
Ново на Сител
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
