Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН за полагањето на првиот екстерен испит
Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница вчеравечер го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука (МОН) во врска со едно од нивните барања за државната матура.
На средбата со министерот Јетон Шаќири вчера во МОН, на претставниците на Сојузот им беше укажано дека поради утврдениот календар за настава не може да се одложи првиот екстерен испит (Мајчин јазик и литература) од 27 мај за 3 јуни, но им беше понуден компромис - намален обем на тестот и олеснување во бодувањето. Сојузот најави дека за понудата ќе решава нивното Генерално собрание.
-Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН - наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Тој ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања, информира Сојузот на средношколци.
Во допис до медиумите истакнува дека успешно постигнал договор со МОН за државната матура и таа ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олесната за оваа генерација матуранти која, како што вели, беше најмногу погодена од прекините на наставата.
Сојузот на средношколци имаше четири барања од кои три вчера беа веднаш прифатени од МОН, а за четвртото, т.е. за барањето да се одложи почетокот на полагањето на матурата им го понуди компромисот за намалување на обемот на тестот.
На вчерашната средба во МОН беше постигнат договор за промена на соодносот на поените што ги носат испитите од државната матура при уписот на факултет - наместо 24, екстерните да носат 20 поени, а интерните наместо 12 да носат 16 поени.
Министерството за образование и наука преку Владата ќе им препорача на универзитетите да направат ваква промена во конкурсите. Исто така, на универзитетите ќе им биде препорачано првиот екстерен испит - мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент.
-Со тоа, матурантите ќе добијат додатни два поена при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература, нагласува Сојузот.
Договорено е, исто така, наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и банките да содржат трипати поголем број на прашања од бројот на прашања на испитот. Тоа е значајно олеснување за матурантите, сметаат од Сојузот на средношколци, бидејќи матурантите ќе имаат доволно време да се подготват и за интерните испити.
Ново на Сител
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија