Македонија
16. March 2025 - 17:55

Сочувство и понуда за помош за несреќата во Кочани од страна на НАТО

Нато ја понуди својата помош за несреќата во Кочани. Генералниот секретар Maрк Руте во телефонски разговор со премиерот Мицкоски најавил можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан.

Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата, информира кабинетот на премиерот. Сочувсво за загубата и помош  изрази и Амабсадарката на САД во Македонија  Агелер. 

„Нашето најдлабоко сочувство оди до жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. Му понудив секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата на САД на премиерот, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес“, напиша Агелер.

Длабока  тага поради трагедијата упати и Еврокомесарката за проширување Марта Кос

Европската Унија се солидаризира со народот на Северна Македонија во овој момент на тага, напиша и претседателот на Евроспкиот Совет, Антонио Кошта . 

-Моето сочуство до фамилиите на жртвите и нивните блиски, изрази и украоинскиот престедател Зеленски. Украина стои до македониските пријатели на овој тажен ден.

Сочувство изрзи и унгарскиот премиер Орбан.

-Сакам да изразам длабоко сочувство до премиерот Мицкоски и македонскиот народ за трагичниот пожар што изби вчера во Кочани. Нашите мисли и молитви се со семјствата на жртвите.

-Останувам без зборови и се молам повредените да закрепнат и семејствата на жртвите да најдат сила да ја поднесат нивната неутешна загуба. Во име на Албанија ја изразувам нашата подготвеност за каква и да е потребна наша помош, истакна Еди Рама.

Помош понуди и лидерот на Герб, Бојко Борисов.

-Во најтешките моменти остануваме заедно, затоа ја пружив сета помош што Бугарија може да ја пружи.

Србија во вторник ќе прогласи ден на жалост за трагедијата во Кочани, а претседтаелот Вучиќ се понуди на испрати хеликоптери, медицински транспортни возила, медицински тимови како помош, како и да се примат голем број од повредените во болниците во Србија.

-Србија е секогаш со своите пријатели подготвена во согласност со своите можности, да пружи секаква потребна помош, обајви на социјалните мрежи Вучиќ.

Сочуство и подготвеност за помош стигна и од Грција. Премиерот Мицотакис напиша дека Грција е  подготвена да помогне во ова тешко време.

За трагедијата со голем број загубени животи соочувство изразија и високиот преставник на ЕУ за надворешни работи Калас, претседателакта на Словенија., Мусар,  на Албанија Бегај,, косовскиот премиер  Курти. и уште многу други. .  Телеграма со сочуство стигна и од папата Франциск. 

 

„