Собранието во среда за вонредните состојби, ВМРО-ДПМНЕ има забелешки
Одлуките за вонредните состојби од март до јуни годинава на шефот на државата Стево Пендаровски на потврда пред пратениците ќе се најдат во среда. Собранискиот спикер Талат Џафери ја закажал седницата. Според уставот ваквите одлуки треба да бидат потврдени од парламентот со двотретинско мнозинство односно 80 пратенички гласа, што значи дека освен владејчакотот мнозинство ќе бидат потребни и гласовите од опозицијата.
Од СДСМ уште минатата недела се изјаснија дека ќе ги поддржат одлуките бидејќи биле неопходни за справување на Ковид панедмијата за време на нејзниот прв бран, но и потврдија дека се уште немаат разговарано со опозцијата за обезбедување на потребното мнозинство.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека се уште немаат изградено став, но дека за некои одлуки за вонредни состојби на Пендаровски имаат забелешки.
Останува нејасно и дали по евентуалната потврда на одлуките за вонредна состојба, Собранието треба да ги потврди и уредбите со законска сила кои ги носеше Владата. За голем дел од нив, опозицијата реагираше уште во времето на нивното носење, особено дека не се поврзани со корона кризата.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати