Македонија
28. јуни 2016 - 17:11

Собранието го изгласа новиот Универзитет „ Дамјан Груев“

Собранието даде зелено светло за основање на новиот Универзитет Дамјан Груев . Со 67 гласа ЗА законот  е изгласан и универзитетот ќе почне со работа од следната академска година 2016- 2017г. Во новиот универзитетски  кампус за национална одбрана, безбедност и мир,  ќе бидат сместени и факултети за правни, економски науки, медицина, градежништво и архитектонски факултет. Заменикот министер за образование истакна дека основната идеја е да се зголеми квалитетот на високото образование. Оваа академска година ќе почне со предавања на Воената , водухопловната академија, Институтот за командни и штабни функции кои се веќе функционални  а сега ќе се интегрираат во новиот  Универзитет.

Дискусијата и гласањето во парламентот се одвиваше во отсуство на пратениците од СДСМ, кои беа против основањето. Независните пратенички и ДПА со обвинувања кон власта, велат дека новиот Универзитет е политички проект и ќе зададе сериозен удар на УКИМ. ВМРО ДПМНЕ одговори дека со новиот високо образовен кампус  со 9 факултети и 2 институти ќе се зголеми конкуренцијата и ќе се разбие монополот на постојните факултети.

На Универзитетот Дамјан Груев ќе предаваат и странски професори, а во голем дел студирањето ќе се одвива на англиски јазик. Квотите ќе бидат ограничени и нема да се дозволи хиперпродукција на дипломирани студенти.