Собранието ги донесе измените на Законот за земјоделство и рурален развој
Пратениците во попладневниот дел на 116 седница по скратена постапка го изгласаа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, со што се овозможува подобрена и поефикасна искористеност на средствата по мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, со акцент на одржливоста.
Законското решение, поднесено од пратениците Татјана Прентовиќ, Панчо Минов, Мира Стојчевска, Далибор Богдановски, Реџаиљ Исмаили, Реџеп Мемеди, Мирослав Јовановиќ и Ристе Ташев, врши разграничување помеѓу ИПАРД програмата и Националната програма за рурален развој, со што средствата кои се доделуваат преку буџетот на Република Северна Македонија ќе бидат ефикасно спроведени без ризици од двојно финансисрање.
Пратеничката Мира Стојчевска, која е еден од подносителите на Предлогот, рече дека законот е предложен по скратена постапка, бидејќи сакаат средствата од ИПАРД да бидат максимално искористени и до крајот на годината, а за наредната година да може навремено да ги планираат и земјоделците и ЈП „Национални шуми“ и приватните сопственици на шуми.
– Имаме интервенирано во четири члена од законот. Член 67, кој се однесува за земјоделците, каде се зголемува помошта од 10 илјади на 20 илјади за млад земјоделец и во член 71 а, за помош на ЈП „Национални шуми“ за пошумување на оголените и опожарените површини, изјави Стојчевска.
Пратеничката Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека секој предлог закон што е во интерес на самите земјоделци ќе биде поддржан од неа и пратениците, меѓутоа обвини дека овој закон се носи по скратена постапка и е популистички и предизборно наменет.
– Оваа Влада ја укина мерката за млад земјоделец, за денес без никаква анализа како ќе се реализира и ќе се врши исплатата, да ни предлага законско решение за мерка, што тие самите ја укинаа. Предложените измени се за искористеноста на ИПАРД средствата, за што претходно постоеше гарантен фонд, којшто исто така се укина, изјави Честојнова.
Собранието, во рамки на денешната седница по скратена постапка го донесе и предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот