Собрани 232.310 денари за поддршка на лицата со ХИВ во Македонија
Во рамки на годинашната кампања на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ собрани се 232.310 денари за поддршка на лицата со ХИВ во Македонија и за активностите на здружението.
Најголем дел од средствата или 127.900 денари, како што информираат од здружението, се собрани од аукцијата на уметнички дела, што се одржа на 1 декември – Светскиот ден на СИДА. Од директни донации од индивидуални поддржувачи, граѓани и фирми собрани се 78.000 денари и од добротворен прилог 26.410 денари.
Македонските уметници Симон Калајџиев, Иван Петрушевски – Флим, Нина Симовска, Мима Пејоска, Велимир Жерновски, Дороти Пачкова, Марјан Арсовски, Јадранка Митева Милчовска, Петар Петков и Снежана Ѓоргиевска донираа сопствени уметнички дела на аукцијата.
- Чест ми е што можам да учествувам во овој настан за убава цел и да помогнам на начин на кој можам јас како уметник. Луѓето помагаат на различни начини – некој со средства, некој со слика, а некој со своето присуство, изјави Симон Калајџиев, еден од авторите кои донираа свое дело за аукцијата.
„Заедно посилни“ ги користи собраните средства за помош на лица со ХИВ кои живеат во неповолни социјални услови во насока на олеснување на пристапот до терапија и лекување, доделување скромна помош во прехранбени и хигиенски производи, како и покривање итни здравствени потреби за лицата со ХИВ. Дел од средствата Здружението ќе пренасочи за одржување на активностите за психосоцијална поддршка, застапување и подигнување на јавната свесност.
Годинашната кампања беше овозможена со средства од УНФПА и Меѓународната федерација за планирано родителство, а ја поддржаа претседателот Ѓорге Иванов, Министерството за здравство, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Ваутер Пломп и постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија Луиза Винтон.
Ново на Сител
-
Поради расчистување на одрон сообраќајот на патот Миравци – Демир Капија по една коловозна лента
-
Џорџ и Амал Клуни, наводно за 10 години ниту еднаш не се скарале
-
Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност
-
Светска организација за заштита на природата: Нерационалното производство и отпадот од храна ја уништуваат планетата
-
УКРО: Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови
-
Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск
-
Со „бмв“ возел 173 на место каде што дозволено е 100, уапсен 35-годишник од Тетово
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април