Собир „Време е за чист воздух“
Под мотото „Време е за чист воздух“, денеска скопјани ќе одржат собир пред Инспекторатот на Град Скопје.
Според граѓаните кои се организираа преку социјалните мрежи, има премногу неправилности и недостатоци кои треба итно да се коригираат, како проблемот со автомобилите, работата на депонијата „Дрисла“, грејните средства на БЕГ, зеленилото во Скопје и гасификација на градот.
Граѓаните бараат мерки кои треба итно да се спроведат. Тоа е привремена забрана за работа и процентуални казни согласно со профитот на големите индуструски објекти додека не воспостават еколошки стандарди, по примерот на „Југохром“, итно и безбедно отстранување на опасниот отпад – линданот во близина на „Охис“.
За спречување на градежната експанзија бараат од пратениците во Собранието на Република Македонија поднесување предлог за итна промена на Законот за локална самоуправа со враќање на членот 47, кој гласи: „За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на единицата на локалната самоуправа. На предлог од најмалку 175 од вкупниот број избирачи може да се покрене прашањето за доверба на градоначалникот. Одлуката за недоверба е донесена ако за неа гласале 51 отсто од вкупниот број гласачи во единицата на локалната самоуправа“.
Ново на Сител
-
Пентагон повлекува 700 маринци распоредени во Лос Анџелес поради протестите
-
Македонски државјанин се удави во близина на Драч
-
На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
-
Пред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за ивестиција, вредна милијарда евра
-
Сончево и многу топло, до 42 степени
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути