Македонија
27. March 2023 - 16:32

Со законски измени ќе се олеснува увозот на работници

Со елеминирање на бирократските процедури, Владата ќе увезува работна сила. Секој кој смета дека нашата држава нуди добри  можности  за живот е добредојден, вели вицепремиерот Битиќи. Потреба од кадар имаме – во моментов недостасуваат 10 илјади работници, а квотите за вработување странци предвидуваат максимум увоз на 5,000 лица. Од нив 3,000  веќе работат во приватниот сектор. 

Со законски измени, најверојатно ќе се бара проширување, најмалку двојно на ваквите квоти.

Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи,

Вицепремиерот ги повика и вработените  и невработените да се доквалификуваат, затоа што работните места кои постоеле пред 30 тина години, веќе не постојат. Иднината е во дигитализација и модернизација, креирање нови решенија за младите да останат овде. Токму затоа Владата ги подржала и старт-упите одностно, иновативните идеи на младите студенти.

Во овие 10 старт-уп компании инвестирани над половина милиони евра. за 4 години за да обезбедат инвестиции и развој на нови технологии, изјави Александар Стамболиев,

Целта според Стамболев не е овие млади за заминат од државата, туку да создадат овде иновативни решение, кои подоцна ќе го продадат во странство.