Со вечерна богослужба почнува чествувањето на Успение на Пресвета Богородица во Паланка
Со вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува митрополитот Кумановско-Осоговски г.Јосиф, во манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски кај Крива Паланка вечерва ќе почне чествувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Вечерната богослужба во манастирот ќе започне во 18 часот, а празнувањето ќе продолжи утре, на денот на успението, со Божествена литургија.
Утринска Божествена литургија ќе се одржи утре и во црковниот храм Св.Великомаченик Димитриј во центарот на Крива Паланка, под водство на високодостојници од Кривопаланечкото архиерејско намесништво и МПЦ-ОА, а по богослужбата, во девет часот во чест и слава на св.Јоаким Осоговски ќе се одржи литија посветена на светецот.
Литијата ќе тргне од храмот св. Димитриј до црквата Св.Богојавленид на плоштадот „Карпошово востание“.
По повод чествувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица од 18 часот ќе се одржи и вечерна богослужба во манастирот, а во среда во осум часот наутро митрополитот Кумановско-Осоговски г.Јосиф ќе чиноначалствува со Божествената литургија посветена на светецот-закрилник на манастирот.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево