Со првиот училишен час да се превенира врсничкото насилство и булингот во училиштата
Децата жртви на насилство од врсниците да не молчат и веднаш да кажат дома или на наставниците дека се малтретирани, а родителите континуирано да се интересираат како поминал училишниот ден и што се случувало помеѓу соучениците, советува професорката по психологија Ана Фрицханд. Според неа разговорот е најдобрата превенција за да се намалат последиците од булингот.
- Првите училишни (класни) часови да се искористат за разговор, и не само првиот час, постојано да се зборува за меѓуврсничкото насилство. Наставниците да градат релација на доверба за да можат после децата да кажат доколку се жртви на насилство, вели проф. д-р Ана Фрицханд, раководител на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет.
Професорката советува училиштата редовно да организираат и тематски родителски средби и тоа најмалку два пати неделно и отворено да се зборува за проблемите, но и за интересите на децата.
Изминатите години јавноста беше сведок на повеќе случаи на меѓуврсничко насилство преку снимени и објавени видеа. А пролетната трагедија во Белград уште еднаш го наметна прашањето дали треба поголема контрола на децата и дома и на училиште.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар