-->
-->
Со посвојување на клупа до поубав изглед на градот
-->
Здружение кое се грижи за изгледот на центарот на Прага, со интересна идеја, давање на посвојување на старите поставени клупи успева да го смени изгледот на познатиот Вацлавски плоштад, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Заинтересираните, засега тоа се членовите на Здружението, плаќаат 280 евра, старата штица на клупата се заменува со нова, а на неа се врежува цитат кој ќе го одбере или измисли посвоителот.
Акцијата засега има голем интерес и веќе се сменети речиси половина од клупите.
Се планира проширување на кругот на посвоители, да можат да бидат и граѓаните кои за тоа ќе изразат желба и кои тоа ќе го сторат бидејќи клупата ги потсетува на првиот состанок со симпатијата, младоста или некој друг настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства
-
Група машки лица дивееле по Кавадарци, оштетиле куќи, покуќнината и три возила
-
Славески: Рано е да има каков било ефект од американските царини
-
Возач и сопатничка починале на лице место откако со „ауди“ излетале од патот
-
Мотоцикл удрил во 79-годишен велосипедист во струшко
-
Судењето за Раде Штекли одложено, одбраната вели страда од растројство и има халуцинации и параноидни идеи
-
Делчевчанец и се заканувал на поранешната сопруга и пишувал вулгарни пораки на својата малолетната ќерка
-
Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари кој две жени се обиделе да го шверцуваат на Богородица | ФОТО