Македонија
21. March 2023 - 16:35

Со дебата на француски јазик во Собранието младите го одбележаа месецот на франкофонијата

Месецот на франкофонијата во Собранието го одбележаа младите. Преку дебата на француски јазик покажаа дека во парламентот може да се дискутира и во европски дух.  Собранискиот спикер  вети дека со интерес ке ја проследи дискусијата на учениците и го пофали ентузијазмот на  учениците.

Сепак Џафери не си остана на ветувањето кон ,младите франкофони и си замина и пред дебата таа да почне, со изговор дека мора да замине на друг состанок.

За разалика од него, францускиот амбасадор со интерес ја проследи дискусијата . Го поздрави интересот за францускиот јазик. Потенцираше дека франкофонијата е многу повеке, почитување на европскиот концепт на мултијазичност и мултикултурализам.

Бомгартнер по повод 100 години од рагањето на Ацо Шопов  потсети на  љубовта на  големиот поет не само кон мајчиниот  туку и кон францускиот јазик. Овој јубилеј денеска на светскиот ден на поезијата  беше одбележан и во седиштето на УНЕСКО во Париз, каде обракање имаше престедателот Пендаровски.