Со 440 илјади евра се обновува регионалниот пат Житоше-Кривогаштани
Инвестирањето во инфраструктурните проекти значи поттикнување на економскиот развој и унапредување на условите за живот на граѓаните. Над една милијарда евра се инвестираат во патишта, водоводи, канализациски мрежи и системи за наводнување, со што се поттикнува економијата и се поддржува градежниот сектор, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, беше на увид на реконструкцијата на патниот правец Кривогаштани-Житоше.
– Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава се изведуваат, очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура, дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично, значат севкупно подобрување на животот на граѓаните, рече Заев.
Според него, на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, а Владата, како што рече, останува посветена на сите региони подеднакво со цел граѓаните да имаат подобри услови за живот без разлика дали живеат на село или во град.
Патниот правец, кој денеска го посетија Заев и Бочварски, се реконструира по повеќе од триесетина години со што се очекува да се подобри локалниот развој и условите за живот во овој дел од Пелагонија.
– Со 440 илјади евра целосно се реконструира регионалниот пат меѓу населените места Житоше и Кривогаштани во должина од околу 10 километри, со што граѓаните добиваат нов и квалитетен патен правец, рече министерот Бочварски, најавувајќи дека во следната фаза ќе биде реконструиран и патот кој води од Житоше кон Лажани, а потоа и до Ропотово.
Посочи дека се работи и на доизградба на експресниот пат од Градско до Прилеп и на делницата од Градско до Дреново, додека од Дреново до Фаришката клисура се прават подготвителните активности и се очекува во следниот период силна градежна активност на овој патен правец. Во завршна фаза е и тендерот за рехабилитација на третата лента на превојот Плетвар.
– Дополнително би сакал да истакнам дека активно работиме на владиниот план за изградба на автопатско решение од Прилеп до Битола, нагласи Бочварски.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил