Снегот на југот на Кина запре 100.000 Кинези
Во пресрет на кинеската Нова година, кога Кинезите традиционално масовно патуваат, снегот и мразот „запреа“ околу 100.000 Кинези, соопшти денеска полицијата.
Доцнат голем број возови од провинцијата Гуангџоу кон север и централните делови на Кина, така што околу 100.000 лица се наоѓаат на двете најголеми градски станици во Гуангџоу и Источен Гуангџоу, а за јавниот ред се грижат речиси 4.000 полицајци, пренесуваат француските медиуми.
Гуангџоу е голем кинески економски центар во кој живеат и работат голем број луѓе и тие традиционално секоја година во текот на новогодишните празници патуваат во своите родни краишта.
Оваа година Кинезите Нова година ќе ја дочекаат на 8 февруари и тоа ќе биде година на мајмунот. Тоа е знак на многу позитивни особини и го следи добра среќа и радосен живот, па таква треба да биде и претстојната година.
Кинеската Влада процени дека во текот на годинешната прослава, која ќе трае 40 дена, ќе бидат реализирани 2,91 милијарди патувања.
Поголемиот дел од Кина од крајот на јануари е под удар на ладен бран, така што снегот падна и во оние делови од земјата каде вообичаено никогаш не паѓа.
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола