Снег во Македонија - еве каде падна најмногу

Највисока снежна покривка од 15 сантиметри, изутринава во осум часот е измерена во Маврово, девет сантиметри снег има во Лазарополе, седум во Дебар, четири во Тетово, три во Пожаране, а еден сантиметар во Берово, Крушево и Виница.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено изутринава во осум часот е во Крива Паланка, Маврово и Ѓуриште, каде се измерени минус четири степени, три степени под нулата е во Пожаране и Лазарополе, минус два во Куманово, Скопје Петровец, Виница, Берово и Дебар, а минус еден во Тополчани, Крушево, Скопје, Тетово, Прилеп,....
Како што информира УХМР, денеска претпладне ќе има услови за појава на слаб снег во западните и северните делови, а преку денот ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб претежно североисточен ветер и со температура до четири степени.
Значителна промена на времето УХМР најавува од утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Во Беровско температурата ќе се спушти и до минус 20 степени.
Ново на Сител
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија
-

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите
