Снег во Црна Гора

Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.
На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.
Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.
Вчера попладне се намали јачината на ветрот кој предизвика голема материјална штета во Загреб, а врнежите од дожд продолжија во Хрватска. Во делови на БиХ ситуацијата е критична поради поплавите, каде и денеска се трага по шестгодишно дете кое паднало во надојден поток.
Сите надлежни служби во Загреб беа ангажирани за санирање на проблемите предизвикани од силниот ветер, кој дури вчера изутрина малку ослабна. Во текот на претходната ноќ загрепските пожарникари имале над 460 интервенции.
Во местото Бегов Хан кај Жепча денеска шестгодишно момче паднало во поток, чиј водостој се зголеми како последица на обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица се уште трага по детето.
Обилните дождови во БиХ предизвикаа поплави на север и во централните делови на земјата, каде одделни места се отсечени, а граѓаните пријавуваат проблеми со снабдувањето со вода и струја.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
