СНАЈПЕРИСТ

Loading Video...

Американска трилер акција, базирана на романите на Стивен Хантер и истоимениот филм со Марк Волберг во главната улога. Овој пат, во улогата на снајперистот го гледаме Рајан Филип, кој ќе покаже невидена храброст, остроумна прецизност и непогрешливост во борбата за семејството и татковината.

Боб Ли Свагер е бивш снајперист и маринец кој е повикан од страна на тајната разузнавачка служба да спречи терористички напад врз претседателот. Неговата експертиза во тајната операција на прв момент нема да му помогне затоа што Боб сфаќа дека се работи за добро осмислена местенка. Сега, тој ќе мора да направи сè што е во негова моќ за да го заштити своето семејство, но и својот имиџ. Неговите следни планови, бегството од затворот и акциите кои ќе ги планира ќе ја докажат неговата неуморна сила и пожртвуваност затоа што овој пат на нишан ќе бидат оние кои му ја наместија заседата.

Возбудливи акции и навидум невозможни мисии на снајперистот гледаме во доцните ноќни часови ова лето.