Слободни места за упис во прва година во дебарските средни училишта

Во трите средни општински училишта во општините Дебар, Центар Жупа и во Маврово Ростуше за гимназиска насока се уште има слободни места за запишување во прва година.
Врз основа на Конкурост за упис во прва година, предивдената квота беше 544 ученички места, а пополнети се само 215 места.
Од управите на училиштата велат дека завршените полуматуранти се уште може да се запишат.
Во СОУ „Здравко Чочковски“ во Дебар од предвидените 340 места пополнети се 161, од нив за настава на македонски 51 (една паралелка во Дебар и една во село Могорче), додека 110 се за настава на албански јазик. За упис беа предвидени 136 ученици во четири палалелки на македонски и 204 ученици во шест паралелки на албански јазик.
Според управата на СОУ „Маврово Ростуше“ во Ростуше, од предвидените 102 ученички места, сите на мајчин македонски јазик, пополнети се само 35.
Најмалку ученици во прва година има запишано во СОУ „АТА“ во Центар Жупа, каде во двата уписни рока се запишале 19 завршени полуматуранти, од нив тројца за настава на македонски и 16 за турски јазик. И овде предвидената квота со конкурсот беше 102 ученика, од нив 34 за настава на македонски и 68 на турски наставен јазик.
Училишните раководства оценуваат дека освен масовната миграција, намалениот број запишани ученици во прва година во трите средни општински училишта во регионот се должи и на фактот што дел од завршените полуматуранти се запишани на средни стручни училишта во други градови. На тоа влијае и бесплатниот престој на учениците во ученичките домови, кој е на трошок на државата.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
