Македонија
19. October 2016 - 10:43

Следува нов неработен ден и продолжен викенд

Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври (недела), односно 24 октомври 2016 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на Македонската револуционерна борба.