Слави Трифонов: Македонија мора да ги исполни условите за старт на преговорите за членство во ЕУ
Република Македонија не може да ги започне преговорите за членство во ЕУ без да го исполни потребните услови, изјави денеска лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов.
– Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, што претставува и Република Македонија, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари, изјави на предизборен собир со студенти во Пловдив, Трифинов, чија партија според последните анкети е најголем фаворит за победа на предвремените избори во Бугарија на 11 јули.
Коментирајќи ги денешните средби на премиерот Зоран Заев со лидерите на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов и на Бугарската социјалиситчка партија (БСП), Корнелија Нинова, Трифунов истакна дека требало прво да се сретне со претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Стефан Јанев, а не со претседателите овие две партии, кои според него се „небитни луѓе“.
Премиерот Заев денеска во Софија имаше средби со бугарскиот претседаел Радев, премиерот Јанев, како и со лидерите на ГЕРБ и БСП, Борисов и Нинова. На прес-конференција по средбата со Јанев, премиерот Заев рече дека планот бил да има средби со претставници на четирите најголеми партии во Бугарија, но се одржале средби само лидерите на две од нив, додека другите две неможноста за средба ја оправдале со предизборни активности.
Ново на Сител
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица