Скопската собраќајна полиција изрече 122 прекршоци, 51 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје, како што соопштија од МВР, изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни во јавен превоз.
– Изречени се пет санкции за некористење сигурносен појас, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 28 санкции за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим