-->
-->
Скопје се подготвува за големиот празник - Рождество на Пресвета Богородица
-->

Литија по улиците во центарот на Скопје ќе се одржи на 20 септември во пресрет на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
Претходно во 17 часот ќе биде биде одржана вечерна богослужба во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.
Утредента, на 21 септември, утрената богослужба ќе почне во 7:30 часот, а светата Литургија во 9 часот.
Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција