Скопје: Крадец нападнал полицаец па се заканувал дека ќе се самоповреди

По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07.2023 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром. Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците. При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 28.07.2023 во 06.45 часот било пријавено дека околу 04.30 часот во с.Стојаково во двор од куќа едно лице фрлило плински боци и опожарило патничко возило „ауди а6“, сопственост на В.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
