Скопје и Софија ја разгледуваат можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев
На дводневната петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што се одржа во Софија, била разгледана можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев.
На средбата што на 10 и 11-ти овој месец се одржа во Софија, биле разгледани неколку прашања од интерес на работата на Комисијата во согласност со Договорот за добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
-На средбата Комисијата ги разгледуваше меѓусебно разменетите забелешки за бугарските учебници по историја за 5 клас и македонските учебници по историја за 6 одделение, односно за периодот на антиката. Притоа, Комисијата водеше дискусија во однос на одредени делови кои можат да се подобрат. Во однос на ова прашање комисијата дополнително ќе достави предлог со конкретни препораки до соодветните влади и министерства. Исто така, на средбата беше започната дебата за значењата на Гоце Делчев во двете држави и околу можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Дискусијата по ова прашање ќе продолжи на следните средби, соопшти Македонскиот тим при Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
На претходните средби, заедничката Комисија постигна согласност за препорака до владите на двете држави за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил и Григор Прличев.
-Работата на комисијата претставува дијалог во кој треба се слушаат гледиштата на двете страни, кои взаемно си укажуваат каде е потребно да има подетално и послоевито објаснување во учебниците по историја, а евентуалните препораки од комисијата се со единствена цел за подобрување на квалитетот на учебниците и регионалното помирување и разбирање, велат од македонскиот тим.
Светската практика, како што посочуваат, покажала дека комисиите по историја биле, и сé уште се, многу важен инструмент за надминување на ексклузивно националните визии на проблемите во историографијата, особено во делот на политичката историја.
Ново на Сител
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација