Скопјанец итно пренесен во болница

Синоќа во 20.00 часот во Полициска станица Аеродром, Б.Ш. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден во 17.15 часот лицето Д.С. (40) од Скопје му се јавило на телефон и го повикал да се видат со цел да го решат недоразбирањето кое го имал претходниот ден со неговиот татко К.Ш.. Откако се сретнале, Д.С. почнал да го навредува Б.Ш. и да му се заканува дека ќе го убие него и неговиот татко доколку не ја повлече претходната пријава. Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш.. Тогаш Б.Ш. го фатил Д.С. за раката со која го држел пиштолот и успеал да го совлада. Во тепачката, Д.С. се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор
-

Белата куќа го брани Трамп откако тој и се обрати на новинарка со „прасенце“
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
-

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
-

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-

МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Јахорина за трета победа во АБА 2
