-->
-->
Скандал во ФК Брегалница: Потпретседателот на клубот се степал со тренерот по бркотница на автопат
-->

Вчера во СВР Штип, Ј.Ј. (48) од Р.Турција, тренер на ФК Брегалница-Штип пријавил кривично дело „насилство“ сторено од И.К. од Штип. Имено, околу 17.30 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, додека пријавителот се движел со „Порше“ со романски регистарски ознаки, кое го управувала неговата сопруга М.Г.А., а во кое како сопатници биле уште две лица од кои едното е деветгодишно дете, пред нив се движело патничко моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки кое константно ја намалувало брзината и не дозволувало да биде поминато.
Во с.Крупиште ПМВ„Мерцедес“ нагло застанало и од него излегле возачот И.К. од Штип – потпретседател на ФК Брегалница и совозачот М.М. –претседател на ФК Брегалница. И.К. од багажникот на возилото извадил метален предмет-хебла и се упатил кон нивното возило. Ј.Ј. излегол од возилото по што И.К. замавнал и го удрил со хеблата во пределот на левата рака и десната нога. Обидувајки да се одбрани, настанала меѓусебна турканица, по што и двајцата паднале во каналот покрај коловозот.
Останатите од возилото на пријавителот се уплашиле и останале во истото се до доаѓањето на полициските службеници.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а пријавителот и пријавениот се упатени на лекарски преглед, при што и кај двајцата се констатирани телесни повреди.
За настанот е известен дежурен Јавен обвинител. Во СВР Штип бил извршен разговор со И.К. и со очевидци на настанот.
По целосно комплетирање и документирање на кривично правниот настан ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
-
Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба
-
Концерт на Марија Николовска во Њујорк
-
Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
-
Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија
-
Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари