Македонија
21. October 2020 - 16:38

Сител сторија: Хуманост во време на корона

Берберот Али Февзи од Скопје, со свои пари им купува храна на гладните. За 9 месеци, на овој начин, Али помогнал на повеќе од 500 семејства. За да ја продолжи хуманата мисија, овој 39 годишен чаирчанец го продал дури и својот автомобил БМВ Х5.

Денот му почува во 5 и пол часот наутро, кога на работа ја носи својата сопрупа. Потоа и тој самиот се фаќа за работа. Прави список што се треба да купи во продавница.За основните потреби на едночетиричлено семејство, Али троши околу 2000 денари.

Освен  за социјално загрозените семејства Али се грижи, задоволни да бидат и неговите клиенти, Има своја берберница, семеен бизнис кој го наследил од татко му. Но и на работа ја покажува својата хуманост на дело. Ги храни бездомните кучиња, кои се дури 8 на број.

Али не планира да застане тука. Следен чекор што сака да го направи е да реновира 15 куќи на семејства на кои веќе им го ветил тоа.